Трамп нема повеќе да биде „миротворец“, оти не му ја дале Нобеловата награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е опседнат со Нобеловата награда за мир, му пишал на премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе, дека повеќе не се чувствувал обврзан да се фокусира исклучиво на мирот, бидејќи лани не ја доби наградата, објави Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мачадо му го даде својот медал за Нобеловата награда за мир на Трамп

Во писмото до Сторе му пишува дека донел таква одлука, оти Норвешка не му ја доделила наградата, а тој како што вели запрел осум војни.

-Повеќе не чувствувам обврска да размислувам исклучиво за мирот, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, туку сега можам да размислувам за тоа што е добро и соодветно за Соединетите Американски Држави“, пишува Трамп.

Како што пренесуваат светските агенции, Сторе потврдил дека добил такво писмо.

Во истото Трамп повторно го доведува во прашање суверенитетот на Данска врз Гренланд.

-Зошто Данска воопшто ги има сопственичките права? Нема пишани документи, освен што е познато дека таму се истоварил брод пред стотици години. Но, и ние имавме бродови што се истовариле таму. Светот нема да биде безбеден додека немаме целосна контрола врз Гренланд, пишува Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Гренланд стана дел од Данска

Наградата не ја доделува Норвешка, туку независниот норвешки Нобелов комитет.

Норвешка е една од осумте европски држави на кои Трамп им воведе царина од 10% од 1. февруари, оти се на страната на Гренланд.

Кога го започна својот втор мандат, Трамп најави дека ќе биде миротворец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Одмазднички царини“ за САД од 93 милијарди евра планира ЕУ, ако до февруари Трамп не се предомисли

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Фото: Белата куќа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести