Поранешниот градоначалник и пратеник, бизнисменот Трифун Костовски е во фокусот на јавноста откако најави враќање во политиката.
Имено тој преку социјалните мрежи најави формирање на партија и ги повика граѓаните да му се придружат, а меѓу друго посочи дека не барал власт за него, туку можност за “освестување“ на државно ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трифун Костовски се враќа во политика, најави нова партија
Информацијата предизвика различни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Кој е Костовски
Роден е на 27. декември 1946 година во Скопје.
Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Зборува и англиски, полски, руски и хрватски јазик.
Работно искуство и политичка кариера
Првото вработување го имал во “Технометал – Македонија“ во Скопје. Бил претставник во канцеларијата во Варшава, Полска.
Во 1989 година работел во швајцарската фирма „Ситко“ во Виена, Австрија. Бил и преставник на „Ситко” во канцеларијата во Варшава.
Градоначалник на Град Скопје беше во периодот од 2005 до 2009 година, а претходно беше и пратеник во македонското Собрание.
Основач е на “Кометал трејд“ во Виена, Австрија во 1991 година.
Бил и претседател на Ракометната федерација на Македонија.
Беше и сопственик на ракометниот клуб “Кометал Ѓорче Петров“, кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција, како и претседател и спонзор на фудбалскиот клуб „Работнички Кометал“.
Беше спонзор и на „РК Пелистер Кометал“, повеќекратен државен првак во ракомет во машка конкуренција.
Добитник е на наградата „Климент Охридски“ за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност во 2004 година.
Основач е на Фондацијата „Трифун Костовски“ во рамките на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица” во Скопје.
Има три деца.
Случај “Еуростандард банка“
Костовски беше и мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, која пропадна во август 2020 година кога Народната банка и ја одзеде дозволата за работа и поведе стечајна постапка поради неликвидност и несолвентност.
Депонентите беа обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, додека сопствениците и оштетените штедачи покренаа судски постапки.
Според Народната банка, дозволата за работа и беше одземена бидејќи Банката не ги исполнувала законските услови за минимална капитализација, односно била несолвентна по исцрпувањето на сите други можности за нејзино спасување.
Преку Фондот за осигурување на депозити, физичките и правните лица со депозити до 30.000 евра беа целосно обесштетени.
По стечајот, раководството на Банката беше под истрага за организиран криминал и оштетување на доверители.
Костовски и Здружението на оштетени штедачи пак обвинија дека Банката била „намерно уништена“ со носење на лоши кредити и манипулации.
Оштетените се уште реагираат и бараат целосно обесштетување и за сумите што ги надминуваа законски осигурените прагови.
Фото: Костовски/Фејсбук














