Од болницата во Кочани вчера информираа дека тројца од повредените пожарникари во пожарот во “Макпрогрес“ се пуштени на домашно лекување, а четвртиот е испратен на дополнителни испитувања во Клиничката болница во Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од пуштените пожарникари е од Свети Николе, а двајца се од Виница.
Сите пожарникари кои беа хоспитализирани во кочанската болница имале изгореници од прв степен на долните екстемитети, што ги добиле при гаснењето на пожарот во фабриката, кога западнале во стопена течна маса од шеќер, посочија од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Министерството за здравство пак информира дека дел до осуммината вработени во „Макпрогрес“ кои беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје исто така ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Нивната здравствена состојба е стабилна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е “Макпрогрес“ во чија фабрика „Винчини„ имаше голем пожар
(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“
Фото: МЗ