Уапсенo 19-годишно момче за убиство на 18-годишен соселанец, татко му го пријавил во полиција откако претходно му признал

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 17.05.2026 година во 00:50 часот во селото Бојане, скопско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишиле од слобода М.Б. (19) од Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ.

„Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 година во шума во околината на селото Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.

Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава,“ велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести