Ќе се ревитализира ли езерото Треска во Скопје?

Вештачкото езеро Треска во Скопје повторно е во фокусот, откако албанскиот бизнисмен Самир Мане покажал интерес да инвестира 100 милиони евра за изградба на комплекс кај езерото и за негова ревитализација.

Станува збор за површина од околу 79 хектари.

Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, а тим на бизнисменот имал и средба со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанскиот бизнисмен Самир Мане сака да реактивира езерото ‘Треска’

Мане преку неговата групација Балфин груп веќе е присутен во Македонија. Компанијата го изгради Ист гејт мол, а истата е дел и од проектот кој вклучува станбени, деловни и трговски содржини позади молот.

Засега нема официјална одлука дали ќе му биде дозвелено да инвестира и во езерото и неговата околина.

Изградено со самопридонес

Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од граѓаните на Град Скопје.

Две децении подоцна тоа беше затворено за капење поради бактериолошки загадена вода.

Оттогаш имаше неколку најави за негова ревитализација, но на крај беше оставено да пропаѓа.

Во 2021 година од тогашната влада беше претставен Детален урбанистички план за езерото, кој предвидуваше изградба на хотели, трговски центар, објекти за привремено сместување и простор предвиден за рекреација, а потоа беше донесена и одлука за формирање туристичка развојна зона „Сарај – езеро Треска“.

На крај не се случи ништо.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести