Училиштето во Демир Хисар има две директорки: Која е вистинската?

Денеска Маја Лозановска, која вчера во Централниот регистар се уште се водеше како директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, треба повторно да оди во ОВР Демир Хисар на информативен разговор, бидејќи вчера истиот не беше направен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на училиштето во Демир Хисар отиде во полиција, ама не го направи разговорот, утре ќе треба да оди пак

Сега училиштето и случувањата во него, кои се во фокусот на јавноста има две директорки.

Пред да биде направен претрес за печатите на училиштето на 8. август во домот и автомобилот на Лозановска, градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски, за в.д. директорка ја поставил Јасмина Дамчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Директорка на училиште во Демир Хисар сакаа да ја водат на информативен разговор на носилка, под истрага е началникот кој го бараше тоа

Двете директорки се сретна вчера во училиштето.

Дамчевска пред новинарите информираше дека таа добила решение за назначување за в.д. директор, но поради тоа што ги нема печатите на училиштето, не можела да се пријави во Централен регистар.

Градоначалникот пред неколку дена на Фејсбук информираше дека Лозановска е разрешена врз основа на решение донесено од Државниот просветен инспекторат, по спроведена контрола што утврдила тешки неправилности во нејзиното работење.

Засега не е познато дали конечно се најдени печатите, дали разрешувањето на директорката е законско и дали Лозановска го примила решението за разрешување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен, внатрешната контрола утврдила непрофесионалност во постапувањето

Полицијата легитимираше новинари во дворот на училиштето во Демир Хисар, ЗНМ и ССНМ изразија загриженост

Фото: Општина Демир Хисар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести