(Видео) Гостиварец ја убил жената во гостиварско Неготино, признала неговата сопруга, МВР објави снимка од местото каде била закопана

Жената која синоќа беше пронајдена закопана во дупка во атарот на гостиварското село Неготино, а се водеше за исчезната, ја убил 53-годишниот С.М. од селото Неготино, Општина Врапчиште, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на исчезната жена пронајдено закапопано во дупка во гостиварско Неготино, уапсени две лица

Откако бил извршен претрес во неговиот дом, била приведена и неговата сопруга Ѓ.В. (48), која во службен разговор во полициска станица, признала дека нејзиниот сопруг со пиштол ја убил жената и го посочила и местото каде е закопана.

Познат е и идентитетот на убиената жена. Се работи за Х.А. (53) од гостиварското село Равен. За исчезната ја пријавил нејзиниот син Ј.М. (34) на 9. декември.

Тој пријавил дека на 7. декември на безбедносните камери забележал дека таа влегува во патничко возило „фиат“, по што била недостапна на телефон.  

Пријавил и дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 6 и 7. декември С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба.

Осомничениот С.М. бил приведен на 11. декември поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него. 

По извршени проверки на видео записи, констатирано е дека С.М. дал лажен исказ во полициска станица. Од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 7. декември.

Телото на убиената е дадено на обдукција, а С.М. е осомничен за убиство.

МВР објави и снимка од местото каде била закопана убиената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести