(Видео) Како ќе изгледа аеродромот во Охрид по реконструкцијата

Вчера започна реконструкцијата, надградбата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Станува збор за прва реконструкција од неговото градење.

Единствена интервенција откако е изграден беше проширувањето на пистата во 2011 година.

За проектот ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра, а со него е опфатен простор од 4.500 квадратни метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАВ Македонија: Започнува нова етапа на охридскиот аеродром, вложуваме 2,7 милиони евра за негова модернизација

По реконструкцијата ќе биде проширен оперативниот капацитет на патничкиот терминал и капацитетот на шалтерите за регистрација на багаж и патници.

Исто така ќе биде проширена и зоната за безбедносна контрола, како и административната зграда.

Ќе има нов ресторан, нови канцеларии за Граничната полиција и Царинската управа и паркинг за вработените.

Фото/видео: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести