(Видео) Нов протест на ССМ, исти барања – 600 евра минимална плата и зголемување за 6.000 денари на сите плати

Денеска во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во Скопје се организираше нов протест, а барањата се исти – 600 евра минимална плата и за 6.000 денари зголемување на сите плати.

Моментално минималната плата изнесува 24.379 денари, а од месецов со законското усогласување ќе се зголеми на околу 26.000 денари.

Според ССМ, оваа усогласување од 1.667 денари не го покрива ни растот на трошоците на живот.

Протестот започна од пред Работничкиот дом, продолжи пред македонското Собранието, па пред Стопанската комора и заврши пред Владата.

Од ССМ на протестот меѓу друго посочија и дека околу 160.000 работници примаат плата под прагот на сиромаштија, повикувајќи се на податоци на Управата за јавни приходи.

Фото/видео: Архива/Слободан Трендафилов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести