Момче на возраст од 18 години загина вчера во сообраќајна несреќа на улицата „Адем Демачи“ во Скопје.
Станува збор за А.Љ. од Скопје, а според Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој починал на лице место.
Момчето кое управувало мотоцикл „пијаџо беверли“ било дел од несреќата помеѓу патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. од Скопје и патничко возило „пежо 307“, управувано од А.Б. (35) од Скопје.
Телото на момчето е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














