Убиен верскиот лидер Али Хамнеи, најмоќниот човек во Иран

Во вчерашните напади на Иран од страна на САД и Израел е убиен ајатолахот Али Хамнеи (86), потврди Иран.

Хамнеи беше највисоката политичка и верска фигура во земјата, над претседателот и другите владини функционери, и беше одговорен за клучните државни одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи

Претходно за неговата смрт информираа и американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кои како што пренесуваат светските медиуми, им била покажана фотографија од неговото тело.

Хамнеи владеше со Иран дури 36 години.

Во Иран е прогласена 40-дневна жалост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Иранската дијаспора низ светот слави за нападот на Иран

(Видео) Ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел: “Го сакаме Трамп“

(Видео) Иран го нападна Израел, нападнати и американските бази во Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт и ОАЕ

Фото: Принт скрин/Al Jazeera English


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести