Владата ја одобри имплементацијата на системот за заеднички гранични проверки „one stop shop“ со Албанија, со што се заокружува процесот на воспоставување ваков модел на гранична контрола со трите соседни земји кои не се дел од Шенген-зоната.
Системот веќе функционира на граничните премини со Србија и Косово, а за негово целосно ставање во функција со Албанија останува да биде потпишан договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.
Имплементацијата најпрво ќе започне на граничниот премин „Ќафасан“, по што системот постепено ќе биде проширен и на останатите гранични премини помеѓу двете држави.
Фото: Влада












