Од денеска нови правила за влез и излез од ЕУ

Од синоќа на полноќ стапи на сила новиот Ситем за влез и излез од Европската унија (EES). Тој го заменува традиционалното ставање печати на пасошите преку безбеден процес што ги евидентира биометриските податоци, датумите на влез и излез.

Доколку од денеска преминувате во Шенген зоната за прв пат, ќе поминете низ целосен процес на регистрација. Ова вклучува: скенирање на отпечаток од прст, фотографирање на лицето, собирање податоци од пасошот, како што се вашето целосно име, датум на раѓање и број на патна исправа.

За да се олесни овој процес, многу гранични премини ќе имаат пунктови за самопослужување или мобилни апликации каде што ќе можете да ги предрегистрирате вашите податоци пред да се сретнете со граничен службеник.

Целосната имплементација е предвидена да се реализира до април 2026 година.

Откако ќе стане целосно оперативен, EES ќе опфати 29 европски земји, вклучувајќи ги сите земји-членки на Шенген зоната и придружните земји.

Земјите каде што ќе се применува EES се: Австрија, Франција, Литванија, Словачка, Белгија, Германија, Луксембург, Словенија, Бугарија, Грција, Малта, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Холандија, Шведска, Чешка, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Данска, Италија, Полска, Естонија, Латвија, Португалија, Финска, Лихтенштајн и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12. октомври стартува системот за влез и излез од ЕУ: За што сè треба да се подготвите

Грција од 12. октомври ќе ги применува новите правила за влез и излез од ЕУ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести