Во февруари бројот на работниците во индустријата е намален за 3.4%

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.4% во февруари 2026 во однос на февруари 2025 година, информираа од Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.3%, во секторот Преработувачка индустрија за 
3.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 
2026 година, во однос на февруари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4%, Капитални производи за 4.5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1% и Интермедијарни производи, освен енергија за 3%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2026 во однос на периодот 
јануари – февруари 2025 се намалил за 3.5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад од 4,2% на индустриското производство во февруари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести