Индустриското производство во февруари годинава е намалено за 4.2% во однос на февруари 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.2%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19%, Трајни производи за широка потрошувачка за 12% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Капитални производи за 2.1%.
Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека со 5.4%, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13.5% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17.2%.
Фото: Унсплеш














