Од Основното јавно обвинителство денеска соопштија нови детали за акцијата која од вчера се спроведува во Битола, Охрид и Струмица, за случај со детска порнографија, заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имено, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесело наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник од Битола за кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, казнива според член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија.
Постапката е резултат на предистражни дејствија на Јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје, кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.
Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи, велат од таму.
Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија, посочуваат од таму.
За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола, ОЈО Битола доставила предлог за определување мерка притвор.














