Во хотел во Тетово пронајден починат маж од Челопек, кој живеел во САД

Вчера во хотел во Тетово е пронајден починат маж, кој живеел во САД.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, се работи за 77-годишниот Т.М. од селото Челопек, кој бил во хотелот од 17.09.2025 година.

Случајот во полицијата го пријавиле од Итна медицинска помош, а неговото тело е предадено на судска медицина за обдукција. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести