Нов случај на насилство помеѓу малолетници се случил во Штип.
Локалната телевизија Стар објави вознемирувачки снимки на кои се гледа како малолетнички тепаат малолетничка во училиштето “Ванчо Прке“ во Штип и надвор од него.
Случајот, како што вели за телевизијата нејзината мајка е пријавен во полицијата, а за насилството врз ќерката дознала од друго дете, кое било потресено од тоа што го видело и кажало на неговата мајка, која ја контактирала.
Малолетничката во период од три месеци дури четири пати брутално била физички и психички малтретирана, а видеа од насилството правеле други малолетници.
Фото: Унсплеш/видео: ТВ Стар














