Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9.4% во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5%, Капитални производи за 9.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%.
Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, бележи опаѓање од 13.9%.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6%, додека на странските пазари во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 10.6%.
Фото: Унсплеш














