Откако од Управата за финансиска полиција информираа дека поднеле кривична пријава за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, со реакција се јавија од РКЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бислимоски ја заработи кривичната поради тоа што не постапил навреме за постапката за одземање на лиценца за вршење енергетска дејност на Тритерол петрол ДООЕЛ Скопје.
Од РКЕ велат дека институцијата и Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти случајот.
Според РКЕ во постапката за одземање на лиценцата на Тритерол петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.
Од таму велат и дека РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.
Фото: Унсплеш













