Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје, под слоганот „За плата се бориме – не се молиме!“ се организираше протест по повод 1. Мај – Меѓународниот ден на трудот.
На истиот од ССМ побараа повисоки плати и подобри услови за работа.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, меѓу друго посочи дека и покрај тоа што 260 илјади работници во Македонија живеат со плата под 600 евра, само неколку илјади од нив денеска излегле да протестираат, бидејќи се плашеле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лани загинал 31 работник во 132 несреќи при работа
Посочи и дека многу работници во земјава гинат на работните места и дека никој не презема ништо за нивна заштита.
Протестот почна од Работничкиот дом, седиштето на ССМ, продолжи пред македонското Собранието и Стопанската комора и заврши пред Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реалните плати растат, но животниот стандард не напредува, велат од Finance Think по повод 1. Мај
Фото: Трендафилов/Фејсбук














