Пратеникот Миле Цеков во македонското Собрание ќе делува како независен пратеник, откако ја напушти неговата матична партија – владејачката ЗНАМ.
Неговата одлука, која како што информираше, ја донел поради тоа што не се реализирале очекуваните промени во земјава, е во фокусот на јавноста и предизвика бројни реакции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеникот Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен
Како причини за напуштањето на партијата ги наведе и корупцијата, селективната правда, нефункционалноста на институциите…, а од ЗНАМ, во нивната реакција пак, меѓу друго посочија дека за нив не било изненадување неговата одлука, бидејќи подолг временски период било јасно дека тој политички и вредносно се оддалечувал од принципите, програмските определби и државотворната визија на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За ЗНАМ не било изненадување што пратеникот Цеков ја напушти партијата
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога пред две години станал пратеник.
Каков имот пријавил
На свое име нема пријавено недвижен имот.

Вози две возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е пратеникот Миле Цеков, кој ја напушти ЗНАМ и ќе делува како независен
Фото: Цеков














