Утре по сончевото време претпладне, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.
Од четврток следува период на многу топло време.
Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.
Фото: Unsplash














