Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 4,50 денари, а на Еуродизелот БС (Д-Е V) за 6,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе изнесува 98 денари за литар, на Еуросупер БС-95, 91,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 93,50 денари за литар.
За 6 денари поскапува Екстра лесното масло (ЕЛ-1) и сега ќе се продава за 98,50 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС поскапува за 0,188 денари и ќе се продава за 43,726 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














