Во Општина Студеничани воопшто не прскано против комарци, а во Општина Илинден каде што три пати било прскано регистрирани се три случаи на западно-нилска треска, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
Подрачјето на Студеничани, било посочено во препораките за прскање.
Тој упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита. Граѓаните во зафатените подрачја ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита.
„Плановите за прскање против комарци во општините се спроведуваат, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително ќе изврши вонредни контроли.
Во зафатените подрачја ќе биде спроведена и вонредна контрола на живината.
Апелираме на максимална претпазливост, имајќи предвид дека, историски гледано, август и септември се месеци во кои ваквите епидемии го достигнуваат својот врв,“ додаде министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трет смртен случај, шестмина се во критична состојба: 35 потврдени случаи на западно-нилска треска
Во Драчево има најмногу заразени со западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска














