Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди.
„Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјоделство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник.
Чекаме да видиме дали ќе биде уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла,“ изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов.
Фото: Unsplash














