Вчера додека работел на автопатот во Гостивар, ангажиран од приватна фирма, починал 60-годишен работник.
Станува збор за Д.П. од селото Врапчиште, Општина Врапчиште, а како што информираа од ОВР Гостивар, несреќата се случила во атарот на селата Ѓоновица и Симница.
Лекар од приватна здравствена установа ја констатирал смртта, а неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш