(Фото) Опожарен автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, обвинет за непријавените 350.000 евра соѕидани во домот на неговите родители во Неготино

Синоќа бил запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, против кого има обвининие, откако во ѕидот на домот на неговите родители во Неготино беа најдени 350 илјади евра, кои не ги имал пријавено и за кои немал доказ за нивното потекло.

Министерството за внатрешни работи информираше дека инцидентот се случил ноќеска околу 02:50 часот, на територијата на Карпош.

-Од пожарот на патничко возило „пасат“ во сопственост на Ѓ.Р биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л., велат од таму.

Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов

Фото: Нова Македонија/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести