Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 5,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Бензинот Еуросупер БС-95 со новата одлука ќе се продава за 87 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 89 денари за литар, а дизелот за 88 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 денари, и сега ќе се продава за 86 денари за литар.
И цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,938 денари и сега ќе се продава за 42,168 денари за килограм.
Фото: Unsplash














