Денеска завршува грејната сезона за греење со топлинска енергија во Скопје.
Преодниот период како што информираа од Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе трае до 30. април.
Греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура е еднаква или пониска од 12 степени.
Во тие случаи, во периодот од 6 до 22 часот, температурата во домовите треба да достигне 20 степени, со дозволено отстапување од +1 степен.
Фото: Унсплеш














