Зеленчукот, маслото и јајцата поскапеле за 10%, а другите производи за 0,4% покажува извештајот на Државниот пазарен инспекторат. Во анализата се споредени цените од 1. февруари и 1. април на 55 производи во четири синџири маркети „Зур“, „Кипер“, “КАМ“ и „Веро“.
„Анализиравме синџири на повеќе маркети и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба, дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е приближно 0,4 отсто. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи кои ги зголемиле своите цени за преку 10%.
Кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие, во споредба со 1. февруари, се намалени. Ако на 1. февруари просечните профитни маржи биле нешто над 15%, според нашите калкулации, сега се под 15%, односно 14,7%. Но, според дистрибутерите и синџирите, маржата е поразлична од онаа на Владата,“ информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Учеството на транспортните трошоци во крајната цена е од еден до два отсто. Состојбата со нафтените деривати е стабилна, посочи тој.














