Завчера во земјава во два одделни случаи е пријавено дека се пронајдени две починати лица.
Во семејниот дом во тетовското село Јегуновце е пронајдена почината С.С. (76) од селото.
Екипа од Итна медицинска помош Тетово констатирала смрт без видливи траги на насилство, а нејзиното тело е дадено на обдукција.
Во неговиот дом во гостиварско Скудриње, пак бил пронајден починат Ш.Ш. (55) од селото.
Лекар од Здравствен дом Ростуше констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














