Жена на возраст од 44 години загина вчера во Охрид, откако на кружниот тек од булеварот.„Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во нејзе удрило возило откако исто претходно изгубило контрола.
Се работи за А.Б. од Охрид, која починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи Охрид, со возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки во нејзе удрил И.С. (22) од прилепското село Пашино Рувци, со престој во Охрид.
Тој прво со возилото удрил во метален столб, а потоа и во починатата и Д.П. (52) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди.
Со повреди се здобил и возачот и неговиот сопатник К.М. (19).
Возачот е уапсен.
Фото: Unsplash