Зошто се слави Велигден

Денеска е Велигден или Воскресение Христово – најважниот верски празник во православниот календар.

Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н.е..

Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики петок.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“.

Обичаи

На Велики четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсуваат други јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал.

На Велики петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода, чај итн.. На тој ден, Исус бил распнат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат. Иако Велики петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божиќ се смета за најрадосен христијански празник.

На велика сабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца.

Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал. На ден Велигден, велигденскиот понеделник и вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со “Христос воскресна“, и се одговара со „Навистина воскресна„.

Користени материјали од mk.wikipedia.org.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести