И најновите податоци на Народна банка (НБ) покажуваат дека цената на становите во Скопје останува висока.
Во првиот квартал од годинава, цената на становите според индексот кој го пресметува НБ се зголемиле за 16,7% на годишна основа.
Споредено со претходниот квартал има минимален раст од 0,1%.
Во последниот квартал лани растот изнесуваше 25%.
Податоците на Народна банка се врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови.
Трендот на раст на цените во Скопје, но и во други градови низ Македонија почна во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
166.500 евра: Најскапиот продаден стан лани во Македонија е во скопски Аеродром
Деловен простор во Центар лани продаден за речиси 7 милиони евра
Во Скопје за закупнина за стан се плаќа и 3.741 евра














