Успешна кариера може да се гради и од земјава. Некој да те почитува, да го цени твојот труд и да те наградува соодветно за тоа. Да се чувствуваш продуктивен, но и дека постојано напредуваш и учиш нови работи.
Токму тоа е случајот со македонската компанија Пантелеон ГС која не само што вработува голем број на млади луѓе кои од земјава работат за американскиот пазар и имаат можност во континуитет да учат и да се усовршуваат туку покажува и високо ниво на општествено и социјална одговорност помагајќи и поддржувајќи различни проекти, и постојано грижејќи се за своите вработени.
Пантелеон ГС е посебна компанија од многу аспекти!
-Суштината на делување на секој деловен субјект е да креира приходи, да биде посакувано место за вработување, да обезбедува натпросечни плати за вработените, редовно да плаќа даноци, но истовремено како што расте и се развива успехот да го потврди со поддршка на локалната заедница, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата Пантелеон ГС.
Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помаѓајки да го врати стариот сјај.
Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ преку бројни донации и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески, како и бројни други проекти.
Во фокус на компанијата е и задоволството на нејзините вработени!
Пантелеон ГС се придржува до мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде место каде што вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе имаат можности за напредок и ќе уживаат во работата.
Да биде компанија во која секој млад и амбициозен поединец има перспектива, која го препознaва вложениот труд и потенцијал, обезбедува натпросечна плата, а истовремено и можност во континуитет да се учи и усовршува што е сон на секој млад и амбициозен човек.
За повеќе од стотина млади луѓе во земјава ова е веќе реалност. Овде талентирани индивидуи развиваат софтверски решенија, управуваат со ризици, даваат осигурителни, финансиски, менаџмент услуги за компании на американскиот пазар. Компанијата нуди разновидни аутсорсинг услуги за реномирани американски компании од различни дејности. Станува збор за високо профилирани и професионални кадри, кои работат на софитицирани проекти со високо додадена вредност.
Пантелеон ГС е брзо растечка и просперитетна компанија со извор на квалитет и врвни услуги кои ги обезбедува. Како таква оваа компанија е одлична шанса за сите македонци тука да градат кариера, и да имаат исполнет професионален живот.
Пантелеон ГС има стратегија да прерасне во аутсорсинг лидер на Балканот, но и регионален и глобален “talent hub” за млади, амбициозни и способни луѓе. Како дел од оваа стратегија, компанијата ја отвори и својата канцеларија во Белград, Србија, која засега успешно работи и полека го зголемува тимот.
ПР-објава