еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Лабораториум стартува Senior kLab за повозрасните сограѓани

Културно едукативниот центар „Лабораториум“од Скопје, организира утринска дискусија на 6. декември во 10 часот, за да го лансира новиот Senior kLab – иницијатива посветена на создавање простор кој одговара на потребите и интересите на пензионерите.

Настанот има за цел да ги слушне мислењата на повозрасните сограѓани, како и да ја засили меѓугенерациската соработка преку нови и инклузивни активности.

Senior kLab е инспириран од успешните меѓугенерациски проекти на Лабораториум во изминатата година, кои покажаа дека пензионерите од Скопје се желни за активен социјален живот.

Настанот ќе понуди можност учесниците да споделат идеи, да дискутираат за своите потреби и да учествуваат во креативна работилница, со цел заеднички да се креираат идни активности кои ќе го направат Лабораториум пријателски и отворен простор за сениорите.

Настанот е бесплатен и отворен за сите пензионери. Се одржува во Културно едукативниот центар „Лабораториум“лоциран на бул. Св. Климент Охридски 68 (поранешната печатница на „Нова Македонија“), информирање на 5. декември на 070 359 419.

Лаб ги охрабрува медиумите и заинтересираните граѓани да се приклучат и да придонесат кон создавање на инклузивна заедница за нашите повозрасни сограѓани.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со масовно пошумување на 30.000 садници dm дрогерие маркт успешно ја заврши втората година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Редакција

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Редакција

Средношколци фармацевти од Кавадарци изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

Редакција