еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вечерва во НУБ: Саем, работилница и изложба на колажи на меѓународната независна мрежа „ФИЈУК“

Вечерва во Националната Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 17 до 22. часот ќе се одржи петтиот саем и работилница за изработка на колажи на независната мрежа „ФИЈУК“.

„ФИЈУК“ е меѓународна и самоодржлива иницијатива чија мисија е да поттикнува нова графичка и дизајнерска продукција на книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии и цртежи и да ја зголемува видливоста  и побарувачката на локаните независни уметници и издавачи.

Петтиот саем на „ФИЈУК“ во Македонија ќе ја презентира продукцијата на рекорден број од над 30 излагачи кои ќе ги претстават своите уметнички дела пред македонската публика. Изложбата е продажна.

Како дел од визуелната програма на саемот, ќе биде отворена изложбата „Ненаситни“, која по промоцијата во Белград (Србија), премиерно се поставува во Скопје. Изложбата „Ненаситни“ е составена од над 30 уметнички колажи кои се резултат на ентузијастично сецкање и лепење на безброј постери собрани на улиците во Скопје, Виена, Братислава и многу други локации на Балканот и Европа.

По Скопје, оваа уникатна изложба ќе се претстави и пред публиката во Загреб (Хрватска), како дел од Охохо Фестивал. На настанот во НУБ ќе биде промовирана и арт книгата во сито печат „Ненаситни“.

Саемот и изложбата ќе бидат збогатени со винил-сет на Владимир Муратовски – Диво и музички колаж на Јоана и Стражарот.

„ФИЈУК“ е независна меѓународна мрежа иницирана од Колективот Матријаршија од Белград во 2015 година, која потоа успешно се шири земјите на Балканот и на Скандинавија.

Настанот во Скопје е во организација на Партизанска Штампа, Арт Еквилибриум, Гола Планина Колектив, со поддршка од НУБ „Св. Климент Охридски“.

Повеќе информации на следниот линк.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов најави ново јавно претпријатие за улични кучиња, „Вардариште“ ќе стане минато

Редакција

(Фото) Андријана Јаневска промовираше книга со 150 македонски песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Редакција

(Фото) Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ во поддршка на здравите животни навики

Редакција