еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во дестина земји

Првиот филм на македонскиот режисер Георги Унковски, „Диџеј Ахмет“, продолжува да жнее успеси.

Истиот како што објави variety е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел, цела поранешна Југославија, а се преговара и со други земји.

Неодамна филмот доби две награди на престижниот филмски фестивал Санденс, каде ја имаше светската премиера, Специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката.

Главен лик во филмот е 15-годишно момче од јуручко село во источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј, додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ по светската премиера на „Санденс“, собира бројни позитивни критики

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекувањето на Леонид во Македонија ќе биде целосно покриено од државата

Редакција

(Фото) Започна со производство соларната електрана на ГЕНИ, најголема во Македонија: Струја за 5.500 домаќинства

Редакција

Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист

Редакција