Винодонија 2024, најпрестижниот вински настан во Македонија, кој и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното ќе се одржи во хотел Мериот, во Скопје, а ќе биде отворен за посетители денес (петок) и утре (сабота) од 15:00 до 21:00 часот.
„Со повеќе од 70 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2024 ветува незаборавно винско патување. Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од Македонија и странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси.
Интернационалниот карактер на Винодонија 2024 се огледува во присуството на винари и експерти од различни земји, кои ќе ги споделат своите најдобрите вина и најнови трендови во светското винарство. Оваа година, покрај македонските вина кои ја раскажуваат приказната на нашите лозја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и врвни вина од регионот и пошироко.
Водечкиот карактер на Винодонија 2024 ќе дојде до израз и преку едукативните работилници и предавања. Еминентни експерти од винската индустрија ќе споделат свои знаења на специјални мастер-клас дегустации и интерактивни сесии, кои се наменети за сите – од искусни вински познавачи до оние кои сакаат да ја продлабочат својата љубов и разбирање за виното,“ велат организаторите.
Доколку сè уште немате билет, осигурете си го вашето место за овој настан. Билетите може да ги набавите онлајн на следниот линк: vinodonia.mk.
Промотивна објава