еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Заврши Скопски моден фестивал

Познатиот македонски бренд за интимна облека ги обележа дваесетте и петте години успешно постење на домашната и регионалната сцена, со сценски перформанс за новата колекција за пролет и лето, музички настап на бендот Blackberries и коктел за почесните гости на свеченото затварање, како завршница на четвртата сезона на културно-забавната манифестација што четири дена се одржуваше во трговскиот центар Diamond Mall.

Под слоганот „25 нијанси розово“, Sara Fashion го прослави својот дваесет и петти роденден во рамките на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија, приредувајќи спектакл од светски калибар за многубројната публика на настанот, во продукција на маркетинг агенцијата MAX Management.

На модната писта беа претставени над педесет различни модели за претстојната сезона пролет-лето од домашниот бренд, кој изминатите две децении и половина успешно се пробива и на регионалниот пазар.

„Од своите почетоци до денес, Sara Fashion бележи многу успеси и поставува нови трендови, а од неодамна го проширува и својот бренд со Sara Fashion Home. Sara Fashion има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти  во земјава и во Србија, а со тоа и многубројни лојални купувачи кои со години му веруваат на брендот.

Компанијата располага со богат асортиман производи и тоа: чорапи, хулахопки, долна облека, облека за дома, долна облека и костими за капење“, истакнуваат претставниците на Sara Fashion.

Свеченото затворање на четвртата сезона на Скопски моден фестивал, кој втора година по ред се одржува во партнерство со Државна лотарија, кулминираше со концертот на српскиот бенд Blackberries, основан со идејата да воведе нов сензибилитет во музичкиот израз како и од љубов спрема различни музички стилови. Имаат широк репертоар и покриваат повеќе музички жанрови, а се одликуваат со посебен стил, неконвенционалност во интерпретацијата и внимателно одбран репертоар.

Автор на сите фотографии е Антонио Станков.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од струен удар загина 65-годишен скопјанец

Редакција

Србија и донираше на Македонија 13.000 дополнителни вакцини „Спутник“

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Клиничка болница Битола за набавка на реагенси вреден 200.000 евра

Редакција