еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Македонски Телеком го одбележува Денот на планетата земја, со еко активности за собирање стари уреди, коишто имаат за цел заштеда на природните ресурси и намалување на електронскиот отпад, информираат од таму.

Акција Еко попуст

-Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3.000 денари ќе биде активен во текот на целата година.

Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи.

Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40 000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“.

Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко – иницијативи од целата групација, велат од таму.

Акција во училишта и градинки

Во соработка со „Нула Отпад“ се организира и акција за собирање стари уреди во повеќе училишта и градинки во Скопје.

-Акцијата се одвива во текот на април 2025 година, а одделенијата и градинките коишто ќе соберат најмногу електронски отпад добиваат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има едукативна цел, но го поттикнува и натпреварувачкиот дух и работењето во група кај децата и младите.

Македонски Телеком се залага за намалување на негативното влијание врз природата, со особен акцент на циркуларната економија и има одговорност да направи вистинска разлика за поздрава животна средина, велат од таму..

Повеќе за Еко попуст на telekom.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница УСЈЕ АД Скопје не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина

Редакција

(Фото) Цела опрема за стан фрлена во Охридско Езеро: И делови од правосмукалка и перална пронајдени на дното

Редакција

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Редакција