еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владејачката „Вреди“ започна процес на формирање на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија

Владејачката коалиција „Вреди“ започна процес на формирање на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија.

Од таму соопштија дека тоа било во согласност со нивната непоколеблива посветеност за поттикнување на развојот и напредокот на националната свест на Албанците во областа на науката, уметноста и интелектуализмот.

„Ние сме уверени дека создавањето на оваа платформа ќе обезбеди нови можности за истражувачите, уметниците и интелектуалците Албанци, со што ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и научната креативност во нашата земја.

Оваа иницијатива има за цел да создаде амбиент во кој научниците и уметниците ќе можат да ги споделат своите знаењаи таленти, поттикнувајќи нова култура на совршеност и иновации“, велат од таму.

Оттаму додаваат дека овој амбициозен проект ќе започне во градот на универзитети, во Тетово, но ќе биде официјално формиран во Скопје, поставувајќи темел за институција која ќе биде целосно посветена на науката и уметноста.

„Академијата на Албанците за наука и уметност треба да биде центар за развој на научни истражувања, унапредување на уметноста и зачувување на албанското културно наследство. Оваа Академија ќе се фокусира исклучиво на науката и уметноста, без политички вклучувања,“ се додава во соопштението.

Фото: Вреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча каде минатата година се водеа жестоки борби за одбрана на Киев

Редакција

Веста за Протоколот меѓу Македонија и НАТО одекна во светските медиуми

Редакција

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Редакција