Секоја пролет Саемот на книга ја отвора вратата кон свет на идеи, емоции и приказни кои имаат моќ да не инспирираат и да не трансформираат.
Овој културен настан не е само место каде што се купуваат книги туку е место што е празник на културата и храна за душата!. На ова место љубителите се сретнуваат со авторите, издавачите со истомислениците и сите луѓе имаат можност да го отворат своето срце кон културата.
Овој културен настан овозможува да се откријат нови автори, жанрови што можеби никогаш не би ги нашле во секојдневието. Од класични романи, па се до најнови бестселери и креативни изданија за деца, овој настан е вистинска ризница за читателите.
Шетајќи се по штандовите изненадувачки е колку приказни чекаат да бидат откриени. Можеби една од највозбудливите карактеристики на саемот што покрај средбата со омилените автори може и да се увиди и нивниот креативен процес, инспирација и идеи.
Покрај промоција на новите книги ова е и одлично место за забава на истомисленици кои со меѓусебната размена на препораки создаваат уникатна енергија што го прави саемот незаборавен цели седум дена.
Според Даниела Глигоровска од Скопски саем, организатор на Саемот на книгата ”ова треба да биде еден од најинтересните и најпосетуваните Саеми на книга последнава деценија, настан кој ќе донесе многу млада публика, многу радост и задоволни посетители, кои ќе имаат можност оваа година да влезат во волшебниот свет на книгата”.
Саемот на книгата е најголемиот настан од ваков вид во Македонија. Покрај презентирање на нашите книги, на Саемот ќе промовираме и неколку книги од македонски автори, како и големиот меѓународен проект за детска литература, „Нашата мала библиотека“, изјави Дејан Трајкоски од Прозарт медиа
Саемот на книга не е само за читање туку ова е и место за учење. Работилници, дискусии и предавања организирани за време на саемот нудат можност за развој на нови вештини, креативност и продлабочување на знаењата. Интерактивни активности за деца, па се до панели за современи предизвици во литературата, секој може да пронајде нешто што ќе го поттикне да размислува подлабоко.
Саемот на книга е место за инспирација, размена и воодушевување од литературата. Гете-институт со задоволство и оваа година нуди разновидна програма: покрај најновите изданија на германски книги за деца, ќе претставиме и богат избор на графички новели, како и најновата литература од Германија. Покрај тоа, ќе организираме интерактивни читања, креативни работилници и иновативни виртуелни доживувања – од „Преобразба“ на Кафка до виртуелно патување низ Германија.
Нашата цел е да разбудиме љубопитност, да го олесниме пристапот до германскиот јазик и култура и да ја поттикнеме желбата за читање. Целта на Гете-институт на Саемот на книга е да ја разбудиме љубовта кон германската литература и да поттикнеме интерес за германскиот јазик.
Посетата на Саемот е повеќе од моментално уживање, ова е искуство што инспирира долго откако ќе се напушти настанот. Со секоја нова книга што ќе се земе в раце се збогатува нашата секојдневност.
Фото: Саем на книга 2024
ПР-објава