еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

И Македонка меѓу 100. највлијателни личности во светот според „Тајм“

Меѓу 100. највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“ се најде и Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, пренесе Независен.

Нејзиното истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.

Мојсов е ќерка на македонскиот државник и дипломат Лазар Мојсов, а започна да истражува за дијабетесот на Универзитетот Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.

Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.

Фото: Универзитетот Рокфелер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Боки 13 шокираше со изгледот“: Судењето за „Рекет“ топ тема во регионот

Редакција

Чаир на „тронот“: Има повеќе активни случаи и од Штип, Тетово и Куманово

Редакција

(Фото) Каролина Гочева секси и отмено во нова фото-сесија за „Манго“

Редакција