еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како највисоко рангирани каратисти од Македонија, ќе се натпреваруваат на турнирот од светската младинска лига во Шпанија.

Постарите јуниори (У21) и членови на скопски „Макпетрол“ во Ла Коруња ќе бидат предводени од тренерот Петар Заборски. Трајковски (-84 кг.) и Стојановиќ (+84 кг.) викендов се вратија од Европскиот Шампионат во Хрватска.

На собирот од светската младинска карате лига во Шпанија, што ќе се одржи од 16 до 19. мај, ќе учествуваат 3,032 спортисти од 76 држави. Најдобрите македонски репрезентативци и освојувачи на европски и светски медали, Трајковски и Стојановиќ, ќе бидат дел од силниот турнир во Ла Коруња. Нивната цел е да ја задржат или да ја подобрат својата позиција на светската ранг листа на WKF (Светската карате федерација).

Моментно, како и изминативе две години, Витомир Трајковски е прворангиран на светската ранг листа во категоријата под 84 килограми. На глобалното рангирање на WKF, во категоријата над 84 килограми, Стефан Стојановиќ е на втората позиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младиот Павел Стојчевски се закити со златен медал на меѓународниот кик-боксинг турнир

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

Македонските фудбалери денеска ќе испишат историја: Во 18 часот го играме првиот меч на Еуро2020, со Австрија

Редакција