Кон крајот на март или на почетокот од април годинава македонскиот ланец на маркети Стокомак го отвара својот прв маркет во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски Стокомак наскоро ќе отвори маркети во пет градови во Србија
Во првата фаза на експанзија, Стокомак планира да отвори маркети во Пирот, Ниш, Парачин, Лесковац и Панчево.
Ланецот веќе основа централа во Ниш.
Кој е Стокомак
Иако е еден од најуспешните ланци на маркети во Македонија, пред се поради ниските цени, многу малку информации се знаат за него.
Основан е во 1997 година од брачниот пар Зоран и Ѓурга Ѓеоргиеви, кои и управуваат со него.
Во Македонија досега има отворено 73 маркети.
Последниот беше отворен неодамна во Куманово на површина од 1.100 метри квадратни.
Стокомак според податоци на БизнисМрежа во 2023 година имал нето добивка од 4,1 милиони евра, што е за 18,8 % повеќе од 2022 година и 14,3% повеќе од 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Колкави плати нуди македонски Стокомак за маркетите во Србија
Македонски Стокомак влегува на српскиот пазар
Фото: Стокомак/Фејсбук