еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Македонија и Грција заеднички ќе ги промовираат туристичките потенцијали

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, денеска во Битола, ги промовираше резултатите од спроведувањето на двогодишниот проект „Интеррег – ИПА ЦБЦ  Грција – Република Северна Македонија  2014-2020“.

Во рамки на проектот се снимени околу 160 часа промотивен материјал со слободен пристап за сите граѓани, каде се снимени кратки видео содржини во однос на агро-туризмот, планини, реки и езера, велосипедски и пешачки патеки, како и други туристички содржини со кои ќе се привлечат туристи од светот за рурален, авантуристички и зимски туризам.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, пред присутните потенцираше дека ова е прв меѓународен проект со кој се зближуваат двете држави – Македонија и Грција.

„Лесно е да се дели, но претходно треба да се создаде. Со овој проект создадовме и докажавме дека нема граници, туку има дестинации.

Проектот овозможи заедничка промоција на оваа голема дестинација во која се вклучени и неколку локални општини.

Заедно ќе продолжиме да работиме на заеднички проекти кои ќе дадат дополнителни вредности во туристичката понуда“, објасни Јаневски.

Долгорочно наследство на проектот Интеррег – ИПА ЦБЦ  Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 е промоција на „безгранична Македонија“ или Македонија без граници (Borderless Macedonia), рече Алкиз Анѓело Ставридис, проектен менаџер.

Овој проект се реализира поради недостаток на промоција на руралниот туризам во двете земји.

„Со овој проект ја снимавме целата оваа област со дрон, со посебен акцент на непристапни места во шумите, езерата и реките. Ова се места кои не може да ги видите ниту на Google и затоа може слободно и бесплатно да се погледнат на официјалната интернет страница ABOVE MKGR“, објасни Ставридис.

Слоган на проектот е Интеррег – ИПА ЦБЦ  Грција-Македонија 2014 – 2020 да имаме активен туризам во насока на локален економски развој. Партнери во негова реализација беа македонската Агенција за поддршка и промоција на туризмот, Националната туристичка организација од Грција и Италијанско – грчката туристичка комора.

Крушево се поамбициозно се стреми да стане град на 4 сезони.

„Ако до пред некоја година фокусот беше ставен само на снегот, оваа година има многу повеќе активности. За да дојдете до тој степен на привлекување туристи, треба да овозможите добра инфраструктура која е предуслов за раст и развој на локалната економија, а со тоа и развој на туризмот.

Постојано работиме во насока на развивање на туризмот. За Крушево слободно може да покажеме дека е едно од најубавите места во Македонија, кое вреди да се посети. Подеднакво е убаво во секое годишно време и може да понесете убави спомени кога и да дојдете“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Според директорот Јаневски, гoдинава ќе се исполнат очекувањета од 3.2 милиони ноќевања, како и 530 милиони евра девизен прилив од туризмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг по одлуката на Русија за анексија на украинските региони: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Редакција

Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција

Утре во Јавна соба настапуваат Fish in Oil, „џез деликатес“ од Белград

Редакција