еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп лани со добивка и зголемени приходи

Македонија Осигурување АД Виена Иншуренс Груп Скопје лани остварила добивка од 37,2 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза.

-Во истиот период 2022 година финансискиот резултат изнесуваше 40 милиони денари.

Во тековната 2023 во однос на истиот период 2022 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2023 година се зголемени за 14,4%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 15,6%.

Зголемувањето на приходите се должи на приходи од заработената премија кои изнесуваат околу 75% од вкупните приходи и приходи од вложувања во најголем дел од капитална добивка од продажба на финансиски средства.

Брутополисираната премија во 2023 година бележи раст во однос на минатата година од 23.1 %, односно 159 милиони денари, од кои – значителен пораст кај здравствено осигурување во износ од 93.6 милиони денари.

Кај имотните класи на осигурување се оствари пораст во износ од 49.2 милиони денари со што се зацврсти овој вид на осигурување како доминантен во портфелот на нашето Друштво.

Kај останатите класи е стабилен портфелот во текот на 2023 година.

Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од настанати штети. Настанатите нето штети бележат зголемување од 25,6% или во апсолутен износ 67,8 милиони денари и тоа најмногу во осигурувањата од имоти и здравствено, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се спојуваат ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп и Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со намалена добивка во првите девет месеци

Фото: Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежните фирми лани потрошиле за 3,6 проценти повеќе материјали и енергија

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Телелинк бизнис сервисис“ вреден 589.7 илјади евра

Редакција

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Редакција