Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело.
Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“.
Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз! Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското Модно Здружение.
Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури.
Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.
Промотивна објава